Нашиот тим

Натали Петровска

Натали Петровска

Правна советничка, членка на Извршен Одбор / Legal Counselor, Executive Board Member

Натали Петровска е адвокатка од 2008 година, а од јануари 2016 е членка на Извршниот Одбор на Субверзивен Фронт. Натали е долгогодишна правна советничка и в.д извршна директорка на Коалицијата „Сите за правично судење“ – организација во која Субверзивен Фронт е членка. Натали има долгогодишно искуство во обезбедување на правна помош и советување, толкување на разни закони и подзаконски акти, застапување пред надлежни судови и државни органи, како и пред Меѓународниот суд за човекови права. Стапи во контакт со Натали на natali.petrovska@gmail.com или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на ул. „Македонија“ бр. 11/2-10, во Скопје, Македонија

Николај Митрески

Николај Митрески

Член на Извршен Одбор / Executive Board Member

Николај Митрески е член на Извршен одбор кој е исто така и продуцент на радио и тв емисии, како и професор по англиски јазик во Alfabetico – Центар за јазици во Скопје. Тој беше продуцент на првата радио емисија со ЛГБТИ и квир тематики – STR8OUT, емитувана на фреквенцииите на Радио МОФ во времетраење од 3 години. Има работено во продукција “ОХО”, како дел од тимот на емисијата “Информа” (едукативна емисија наменета за млади), каде што преку истоимената емисија активно го промовира ЛГБТИ активизмот исто како и на националните радио и ТВ медиуми – ТВ Телма и Радио МОФ, а често бил ангажиран за изработка на фотографии од настани и обуки организирани од С-Фронт. Контактирај го Николај на nikolajmitreski@gmail.com или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на ул. „Македонија“ бр. 11/2-10, во Скопје, Македонија.

Антонио Михајлов

Антонио Михајлов

Претседател, член на Извршен Одбор / President, Executive Board Member

Антонио Михајлов е претседател и еден од основачите на Субверзивен Фронт – здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста од Скопје, Македонија. Пред да стане ЛГБТИ активист, Антонио работеше во продажба и маркетинг на софтвер во Норвешка, и интернет маркетинг во Белгија и Финска. Неговите одговорности во С-Фронт вклучуваат обезбедување на стратегиска насока на развојот на организацијата, осигурување на спроведувањето на програмата на организацијата во согласност со организациските мисија, визија и стратегиски цели и преку 5 стратегиски области. Универзитетскиот профил на Антонио е во областите на менаџмент на е-бизнис, проектен менаџмент, маркетинг комуникации и организациски развој. Негови интереси се застапување за ЛГБТИ и женски права, обука и образование за род и сексуалноста, како и истражувања за ЛГБТИ теми. Контактирај го Антонио на amihajlov@s-front.org.mk или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на ул. „Македонија“ бр. 11/2-10, во Скопје, Македонија.

Илина Мојсовска

Илина Мојсовска

Психолог, членка на Извршниот Одбор / Psychologist, Executive Board Member

Илина Мојсовска, психолог и членка на Извршниот Одбор на Субверзивен Фронт од декември 2014 год, е повеќе години страствена ЛГБТИ активистка и бранителка на човековите права. Илина е лиценциран психолог и системски семеен терапевт, кој нуди индивидуални и семејни психотерапевтски услуги и психо-дијагностика, и кој е искусен специјалист за човекови ресурси. Илина е долгогодишна волонтерка во обезбедувањето бесплатна психо-социјална поддршка и бесплатно советување за ЛГБТИ лица. Контактирај ја Илина на imojsovska@s-front.org.mk или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на ул. „Македонија“ бр. 11/2-10, во Скопје, Македонија.

Даниел Митковски

Даниел Митковски

Директор за финансии и администрација, член на Извршен Одбор / Finance and Administration Executive, Executive Board Member

Даниел Митковски, директор за финансии и администрација во Субверзивен Фронт и член на Извршниот Одбор, има повеќе од 10-годишно професионално искуство во невладиниот сектор во областите на финансиски менаџмент, администрација, дизајн, и менаџмент на интернет мрежи, системи и бази на податоци. Неговите клучни одговорности во С-Фронт вклучуваат планирање и менаџирање буџети, спроведување на различни видови административни задачи, како и обезбедување консалтинг во управувањето на организацијата. Контактирај го Даниел на dmitkovski@s-front.org.mk или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на ул. „Македонија“ бр. 11/2-10, во Скопје, Македонија.

 

Викторија Бондиќова

Викторија Бондиќова

Programme assistant / Програмска асистентка

Викторија Бондиќова е програмска асистентка во Субверзивен Фронт од октомври, 2016-та година. Таа е во последна година од своите студии по психологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а во моментот посетува академија за управување со човечки ресурси. Како младинска активистка, таа поседува бројни волонтерски искуства во областа на младинското образование, родови права и родова демократија на национално и меѓународно ниво како сертифицирана врсничка едукаторка за родова еднаквост. Таа била вклучена во работа на проекти во повеќе организации во граѓанскиот сектор, притоа користејќи ги знаењата од психологија на заедницата во креирањето на позитивни промени поврзани со ЛГБТИ прашањата. Работи во 2 од вкупно 5 стратешки области во организацијата: истражувања и политики за ЛГБТИ прашања, тренинг и едукација за родот и сексуалноста, како и придонесува за организацискиот развој преку примена на позитивни HR практики. Контактирај ја Викторија на vbondikjova@s-front.org.mk или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на ул. “Македонија” бр. 11-2/10, во Скопје, Македонија.

Ангелина Иванова

Ангелина Иванова

Програмска координаторка / Programme coordinator

Ангелина Иванова, започна како волонтерка во Субверзивен Фронт во април 2016, а тековно е посветена на институционалниот развој на организацијата. Таа е во последната година од своите студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Со активизам започна уште во 2014 година кога учествуваше на Геј Игрите во Кливленд, САД, каде беше прва и досега единствена македонска учесничка. Од тогаш стана борец за човековите права на ЛГБТИ лицата во Македонија и има учествувано во повеќе проекти кои се спроведувани во Македонија и Балканот. Контактирај ја Ангелина на aivanova@s-front.org.mk или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на ул. “Македонија” бр. 11-2/10, во Скопје, Македонија.