Одржана првата обука за квир тематики

На 11 август 2013 во просториите на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, Субверзивен Фронт ја спроведе првата обука за квир тематики.

Обучувачот Славчо Димитров (Извршен директор на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници) предаваше за основните теориски концепти и правци, историја и политичка позадина на квир теоријата, и даде вовед во темите род и сексуалност, со посебен осврт на трите парадигми – фукоовска, деридијанска и делизијанска.

Оваа обука е прва од серијата обуки за градење капацитети на сопствените членови што Субверзивен Фронт ги организира во 2013 и 2014.