4 септември 2015
Субверзивен Фронт во партнерство со Младински образовен форум спроведуваат истражување кое има за цел да ги испита перцепциите и ставовите на младите во Скопје за состојбата со малтретирањето и вознемирувањето засновано на сексуална ориентација и родов идентитет, како и да ги истражи искуствата на дискриминација кај ЛГБТИ лицата во Скопје.
За реализација на истражувачките цели, Субверзивен Фронт и Младински образовен форум објавуваат повик за учесници на фокус групи. Овие фокус групи кои ќе се одржат на 12-ти септември во канцелариите на Младински образовен форум со почеток во 12 и 15 часот. Дискусијата во рамки на фокус групите предвидено е да трае околу 2 часа. За сите останати детали избраните учесници ќе бидат дополнително известени.
За учеството во фокус група предвиден е надомест во износ од 600 денари (нето), како и освежување. Учеството е анонимно и од учесниците се очекува изреченото во фокус групите да не го споделуваат надвор од нив.
Лицата кои ќе бидат вклучени во фокус групите потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:
– Да се на возраст од 18 до 30 години
– Да живеат во Скопје
– Да се идентификуваат како ЛГБТИ лица
Сите заинтересирани можат да побараат апликација и да се пријават со истата пополнета на info@s-front.org и на policy@mof.org.mk