Сириски геј бегалец убиен во Истанбул

Сирискиот геј бегалец Мухамед Висам Санкари ја напуштил својата куќа во Аксарај, ноќта на 23ти јули. Тој бил пронајден мртов во Јеникапи на 25 јули. Нему му била отсечена главата, а неговото тело било толку осакатено што не можело да се идентификува. Убијците на Висам не се фатени. На Висам претходно му се заканувале, бил киднапиран од група на луѓе, силуван, па затоа се обидувал да оди во друга земја како бегалец, бидејќи неговиот живот бил во опасност.

“Пред околу пет месеци, група на луѓе го киднапирале Висам во Фатих. Тие го однеле во шума, го тепале и го силувале. Тие сакале да го убијат, но Висам се спасил со тоа што излегол на патот. Ние се пожаливме на главната полициска станица, но ништо не се случи. “, вели Рајан, пријател на Висам.

“Ноќта кога Висам ја напушти куќата ние веќе бевме нервозни поради заканите. Му реков да не оди, но тој ни рече дека ќе излезе на само 15-20 минути. Тој не дојде дома цела ноќ. Следниот ден, кога не можевме да го најдеме нè фати паника. Отидовме во Здружението за солидарност со барателите на азил и мигрантите (АСАМ). Тие нè упатија во полициската станица на Фатих. Ние не ни знаевме како да отидеме до таму или што да им кажеме. Во неделата полицијата нè повика. Отидовме до Јеникапи со Рајан. Тие го исекле Висам насилно. Толку насилно што двата ножа се скршиле во него. Му ја отсекле главата, горниот дел од телото му беше непрепознатлив, неговите внатрешни органи беа надвор. Ние го идентификуваvме нашиот пријател според панталоните. “, изјави Горкем, пријател на Висам. Пријателите на Висам кажуваат дека тие се плашат за своите животи и дека не знаат на кого може да му се случи нешто слично.

Субверзивен фронт остро го осудува овој ужасен, дехуманизирачки напад против не само ЛГБТИ луѓето, но исто така и против бегалците. Ние и претходно ја искажавме нашата загриженост за маките со кои ЛГБТИ бегалците се соочуваат на бегалските рути, и сме во целосна солидарност со ЛГБТИ заедницата и ЛГБТИ организациите во Турција, особено со оние кои се справуваат со тешкотиите на ЛГБТИ бегалците. Ние апелираме до АСАМ и Обединетите Нации за подобра заштита на луѓето и навремено дејствување, а во исто време ја повикуваме турската полиција веднаш да ги најде и да ги казни напаѓачите.

Извор: LGBTI news Turkey