Нова активистичка група на ЛБТК жени е формирана во Црна Гора

Организацијата Квир Монтенегро изјави дека после повеќе од две години на континуирано извржување на активности во насока на подобрување на позицијата и правата на лезбејките, бисексуалките, транс и квир жените во Црна Гора, формирана е независна ЛБТК група за жени наречена “КвирА”. Денеска групата брои 120 членки.

Основачката на независната група на ЛБТК жени “КвирА” и координаторка на програмата за градење на ЛГБТИК заедницата во Квир Монтенегро, Ана Дедивановиќ, изјави дека ЛБТК жените со години работеле во сенка во голема мера за создавањето на историјата на ЛГБТИК движењето во Црна Гора.

Групата “КвирА”, како што Ана вели, е формирана да направи ефективна организација, со цел да ја подобри положбата на жената во општеството, со посебен акцент на жените од различна сексуална ориентација и родов идентитет. Таа смета дека работата на оваа група е од витално значење, бидејќи тоа дава можност за ЛБТК  жените да се поврзат на лично и општествено ниво, да бидат мотивирани да работат на прашања кои ги засегаат директно, во дијалог и преку размена на знаења, искуства и лекции кои произлегуваат од предизвиците да се биде ЛБТК жена, и да се поттикнуваат едни со други во целиот процес на понатамошната работа и ефектите од истата.

Извор: www.vijesti.me