Околу 2,2 милиони ЛГБТК луѓе во САД не можат да ги прехранат своите семејства

Едно ново истражување открива дека во текот на минатата година, едно од четири ЛГБТК возрасни лица во САД, или околу 2,2 милиони од нив немаат доволно приходи за да обезбедат дневен оброк за себе и за своите семејства. Затоа, државната програма за дополнителна исхрана (SNAP) порано позната како програма за храна со бонови или бонови за храна, се покажа витална за ЛГБТК луѓето, велат во една од најголемните ЛГБТИ организации во САД „Кампања за човекови права“ (HRC).

“Повеќе од една четвртина од ЛГБТ возрасните луѓе или 27 отсто од нив, на возраст од 18-44 години, биле корисници на SNAP, во споредба со 17 отсто од хетеросексуалните корисници на истата возрасна група”, пишува во извештајот на Вилијамс Институтот.

“Проблемот во рамките на ЛГБТ заедницата е забележан со повисок процент кај членовите на некои расни и етнички малцинства (42 отсто од Американците со африканско потекло), жените (31 отсто), луѓето кои не се во врска (30 отсто) и оние со деца (33 проценти ) кои се често во ситуација каде што немаат доволно приходи за да купат храна “, велат тие.

Извор: www.crol.hr