Норвешкиот крал одржа емоционален говор посветен на ЛГБТИ правата, бегалците и толеранцијата

Норвешкиот крал Харалд Петти, по повод големиот број бегалци кои во последните месеци пристигнаа во Норвешка, повика на единство и инклузивност. Тој во својот говор исто така потсети дека Норвешка исто така ги прифаќа припадниците на ЛГБТИ заедницата.

– Норвежани се девојките кои сакаат девојки, момците кои сакаат момци, како и момците и девојките кои се сакаат едни со други. Норвежани исто така се и имигрантите од Авганистан, Пакистан, Полска, Шведска, Сомалија и Сирија. Не секогаш е лесно да се каже од каде доаѓаме, на која националност и припаѓаме. Дом е местото каде што ви е срцето. Тоа не секогаш е местото во рамките на границите на земјата – рече кралот Харалд Петти.

Тој истакна дека сите кои живеат во земјата ја претставуваат Норвешка и нејзините вредности.

– Со други зборови: Вие сте Норвешка. Ние сме Норвешка. Најголемата надеж за Норвешка е да успееме да се грижиме еден за друг, да можеме да продолжиме да ја градиме земјата на темелите на довербата, солидарноста и дарежливоста – рече норвешкиот крал.