Во Мексико одржани протести за поддршка на истополовите бракови

meksiko-protest

Стотина приврзаници на ЛГБТ заедницата и нивни приврзаници вчера се собраа во главниот град на Мексико во знак на поддршка на истополовите бракови.

Приврзаниците на истополовите бракови носеле плакати на кои било испишано „И ние сме семејство“ и „Го почитувам твоето семејство, почитувај го и ти моето!“.

Во неколку мексикански градови во саботата беа одржани собири против истополовите бракови, на кои демонстрантите носеле транспаренти со испишани пароли „Разбудете се и бранете го своето семејство“ и „На децата им се потребни татко и мајка!“.

Најмоќен моментот на протестот против истополовите бракови се случи во Селаја, сојузната мексиканска држава Гванахуато. Дванаесетгодишно момче скокна пред околу 11.000 демонстранти во обид да ги спречи нивниот протест.

Неверојатната моќна фотографија ја сними фотоградот и новинар Мануел Родригез.

– Во прв момент помислив дека детето само си игра – изјави Родригез.

Сепак, фотографот подоцна откри дека детето имало лични причини за блокирање на протестот.

– Имам вујко кој е геј. Не ми се допаѓа што тие го мразат – изјавило детето, во интервју за Родригез.

Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нијето во мај годинава предложи легализација на истополовите бракови во целата земја, бидејќи овие брачни заедници се легализирани во Мексико Сити и во уште девет од 31 мексикански држави.