Повик за учество во организирањето на Монтенегро Прајд

prajd-crna-gora

Квир Монтенегро и иницијалниот Одбор на Парада на гордоста распишаа повик за членство во организацискиот Одбор при организирање на четвртата Парада во Подгорица, но и Недела на гордоста

Во апелот се истакнува дека годинешната парада треба да биде посилна, помасовна, позабавна и да го одразува гласот на сите кои ја сочинуваат заедницата на ЛГБТИК-лица, на нивните пријатели, семејства и сојузници.

Целта на организаторите, како што стои во соопштението, е што повеќе полнолетни припадници на ЛГБТИК заедницата да се вклучат во процесот на креирањето на Парадата. На тој начин, како што се истакнува, манифестацијата ќе биде поинклузивна и ќе ја одразува разноликоста на заедницата.

Традиционално, покрај Монтенегро Прајд, ќе биде организирана и Недела на гордоста која ќе содржи низа културни, едукативни и забавни настани, а ќе биде одржана во неделата пред Парадата.

Пријавувањето трае до 25 септември годинава, а формуларот може да се најде на страницата на „Квир Монтенегро“. Истиот, по пополнувањето може да се прати на следната адреса: contact@queermontenegro.org.