Член на британското кралско семејство откри дека е геј

queens-cousin-1_640x345_acf_cropped

Лорд Ајвар Маунтбатен, роднина на кралицата Елизабета, стана прв член на кралското семејство кој јавно се декларираше како геј. Тој, по долгодишната борба со својата сексуалност, откри дека е во врска со маж.

Педесет и тригодишниот потомок на кралицата Викторија, рече дека му олеснало откако отворено прозборел за својата сексуалност. Сепак, тој вели дека се уште не се чувствува „потполно комотно“ затоа што е геј, пренесува весникот „Мејл од сандеј“

Маунтбатен им соопштил на членовите на своето семејство и на пријателите дека е геј и ги запознал со својот партнер, Џејмс Коили, кого го запознал на скијање во швајцарското одморалиште Вербиен, во март минатата година.

– Никогаш не беше проблем тоа што сум Маунтбатен, проблем беше генерацијата во која сум роден. Кога растев, тоа беше познато како „љубов чие име не смее да се спомене“. Неверојатно е колку сме напреднале во поглед на прифаќањето. Аутирање, тоа е многу смешна фраза. Јас веројатно тоа го направив на еден многу заобиколен начин и сега сум многу посреќен. Се борев со својата сексуалност и на еден начин се уште се борам. Тоа беше едно вистинско патешествие. За мене претставува голем чекор што за тоа зборувам јавно. Досега имав хетеросексуален животен стил, така што заедничкото живеење со маж е нешто сосема ново за мене. Одам чекор по чекор – вели роднината на кралицата Елизабета.lord

Лорд Маунбатен, потомок на грофот Маунтбатен од Бурма кого го убија припадниците на ИРА, има три деца со поранешната сопруга Пенелопи Томпсон, од која се разведе во 2011 година.

Семејството очигледно добро ја прифати вест. Ќерката на лорд Маунтбатен вели дека повеќе и се допаѓа да има друг маж во куќата, отколку маќеа. Поранешната сопруга, Пенелопи Томсон исто така добро ја има прифатени информацијата, па таа дури и заедно оди на јога со новото момче на нејзиниот поранешен сопруг.

– Со Пени отидовме на час по јога во селото и сите мислеа дека сум и момче, но таа се насмеа и им рече „не е мој, на Ајвар е“ – вели Коили.