75 отсто од ЛГБТ атлетичарите на Параолимпјадата во Рио освоија медали

Девет од 12 ЛГБТ атлетичари кои се натпреваруваа на Параолимпијадата во Рио освоија медали. Тоа е 75 отсто и претставува огромно достигнување имајќи предвид дека само 20 отсто од атлетските тимови на САД, Велика Британија и Кина се искачија на подиумот на победниците.

ЛГБТ тимот освои пет златни, две сребрени и три бронзени медали. Доколку настапуваа под знамето на виножитото, ЛГБТ тимот ќе се најдеше на 27 место, победувајќи ги Ирска, Мексико и Египет.


Меѓу победниците се Ли Парсон, од Велика Британија, кој го освои своето 11 параолимписко злато, како и двојката Џен Армбустер и Асија Милер, кои на САД им го донесоа бронзениот медал во категоријата „голбол“ (игра со специјална топка за слепи лица).

Американката Алисон Џонс за малку го испушти медалот. Таа заврши четврта во велосипедизам.

Ангела Мадсен, една од најстарите атлетичарки, која се натпреварува на 56 годишна возраст, заврши на осмото место во фрлање ѓуле и на 11 во фрлање копје.

Синди Виле и канадскиот кошаркарски тим во инвалидски колички завршија петти.

Иако годинава е забележан рекорден број на ЛГБТ атлетичари на Параолимпијадата, сепак бројката е многу мала имајќи предвид дека 4.060 лица се натпреваруваат за 528 настани за медали. Статистички гледано ЛГБТ лицата претставуваат само 0.29 отсто од атлетичарите.

Запознајте го ЛГБТ победниците на Параолимпијадата:

Златен медал

abby-dunkin-and-desiree-miller
Аби Данкин и Дизре Милер (САД) кошарка со инвалидски количка
Моник Букрланд (САД) седечка одбојка
Меган Џиџлиа (Велика Британија) велосипедизам
Ли Парсон (Велика Британија) – еквестеријан (јавање)

Сребрен медал

Ли Парсон (Велика Британија) – еквестеријан (јавање)
Мариекее Верворт (Белгија) Тркање со инвалидски колички

Бронзен медал

moran_samuel
Морган Самеул (Израел) – веслањe
Џен Армбрустер и Асија Милер (САД) голбол