БиХ стана првата земја во Југоисточна Европа што ги заштити и интерсексуалните лица од дискриминација

LGBT word cloud
Босна и Херцеговина стана првата земја во Југоисточна Европа која со измените и дополнувањата на Законот за забрана на дискриминација ја регулира заштитата на лезбејките, геј, бисексуалните, транс и интерсексуални лица од дискриминација, изјави Јасминка Џумхур, омбудсман за човекови права во БиХ.

– Со наведувањето на сексуалните карактеристики меѓу забранети основи за дискриминација, Босна и Херцеговина стана прваа држава во Југоисточна Европа која со сеопфатен Закон за забрана на дискриминацијата предвидува и заштита на интерсексуалните лица од дискриминација во сите области на животот – вели Џимхур.

Законот, кој е донесен во рамки на усогласувањето на босанското со законодавството на ЕУ, исто така ја дефинира и виктимизацијата како посебен облик на дискриминација. Со тоа се дава дополнителна можност за заштита на жртвите од виктимизација и се нагласува осудата и суштинската неприфатливост на таквото однесување, имајќи предвид дека стравот од негативни последици од пријавување дискриминација е еден од најголемите пречки во остварување ефективна заштита.

Според Ајда Малкиќ од Центарот за општествени истражувања „Аналитика“, со серијата одредби се зајакнува позицијата на жртвите на дискриминација во контекст на ефикасно користење на механизмите за заштита, особено во судска постапка за заштита од дискриминација.

– Проширената листа на основи за дискриминација сега експлицитно вклучува и возраст, инвалидитет и сексуална ориентација, што е добредојден чекор, не само поради ЕУ директивите, туку и поради фактот што, на пример лицата со инвалидитет и припадниците на ЛГБТ-популацијата, според достапните податоци, често се жртви на дискриминација во БиХ. Освен тоа, дефинирани се и потешки облици на дискриминација, така што во ова решение се воведуваат нови институти, односно дискриминација извршена по повеќе основи, повеќекратна дискриминација , дискриминација извршена повеќе пати – повторена дискриминација и дискриминација која постои подолго време, што не беше случај со Законот за забрана од дискриминација – вели Малкиќ.

Законските измени исто така овозможуваат поднесување колективна тужба од страна на здруженија и други организации кои се занимаваат со заштита на човековите права или права на одредена група, со што е елиминиран неодредениот и арбитрарниот критериум на оправдан интерес, кој во овој контекст дополнително го ограничува и дометот на колективната тужба. Исто така воведено е и ситуационо тестирање, односно можност сведокот во постапките за заштита од дискриминација и лицето кое свесно се изложило на дискриминација, за да ја провери примената на правилата за забрана на дискриминација.

Со воведувањето на ситуационото тестирање се овозможува докажување на веројатноста за дискриминација, како и можноста за доброволните испитувачите на дискриминација да поднесат тужба за заштита од дискриминација, елиминирање на сомнежите за дозволеноста на употребата на овие техники кои би можеле да бидат користени во судска пракса.

Единствен сериозен недостаток на актуелното законско решение, како што оценуваат босанските експерти е тоа што не предвидува ослободување или намалување на трошоците за постапка за жртвите на дискриминација и оти не предвидува детално регулирање на специфичноста на мобингот.