Знамето на гордоста се развиори во вселената

zname-vselena

Непрофитабилната организација „Плентинг пис“ (Planting Peace) ја прогласи вселената за пријателски настроена кон LGBTIQ-лицата.

„Плентинг пис“, која е пријателска организација на квир заедницата, со специјален балон испрати Знаме на гордоста и „гоупро“ камера во вселената. Организацијата, која редовно има кампањи за подигање на свесноста за прашања како што се LGBTIQ-правата и прочистување на децата од земјите од третиот свет од глисти, употреби посебен балон за да го испрати LGBTIQ-знамето надвор од атмосферата на Земјата. Балонот достигна височина од околу 34 километри од површината на земјата.

Знамето околу три часа лебдеше во вселената, пред да се врати на Земјата, а со тоа „Плентинг пис“ сакаше симболично да ја прогласи вселената за пријател на ЛГБТИК-лицата.

– Беше чест да се испрати првото Знаме на гордоста во вселената, а тоа истовремено беше одлична можност да се покаже дека „Плентинг пис“ нема да сопре да се бори за LGBTIQ-правата се додека сексуалните и родовите малцинства не ги добијат сите, фундаментални права во секој ќош од вселената. Позадината на вселената ни даде неверојатно, инспиративно платно за нашата порака на надеж за нашето ЛГБТИК–семејство. Би сакал LGBTIQ-децата кои минуваат низ тешки периоди, да можат да погледнат кон ѕвездите и да се сетат дека вселената силно свети за нив и оти не се сами – вели Арон Џексон, претседател на „Плентинг пис“.

Во изминатите три години, „Плентинг пис“ имаше бројни кампањи за зголемување на видливоста LGBTIQ-лицата, како и кампањи за правата на овие лица. Непрофитабилната организација во 2013 година ја создаде „Куќата на еднаквоста“, која е бојадисана во боите на виножитото. Објектот се наоѓа спроти баптистичката црква „Вестборо“ во Топика, Канзас. Годинава, во истото соседство купи уште еден дом за да ја создаде „Куќата на трансродовата гордост“. Куќите се наоѓаат спроти црквата, која шири омраза кон LGBTIQ-лицата, и тие буквално преставуваат прибежиште за квир лицата во овој регион.

Организацијата, слично на својот последен подвиг, во март годинава го прогласи Антарктик за „прв континент на светот кој е пријателски настроен кон LGBTIQ-лицата“.