Српската организација за лезбејки човекови права „Лабрис“ и партнерските организации, со финансиска помош од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) го најавија проектот „Здружени против дискриминацијата“.
Во следните година дена, организациите ќе работат на јакнење на капацитетите и поддршка на српските локални институции за да им помогнат да идентификуваат и адекватно да реагираат на кој било облик на дискриминација над ЛГБТ-лицата во Србија.
Во рамки на иницијативата, во рамки на октомври и на ноември ќе се одржат обуки во Суботица, Нови Сад, Белград, Панчево, Крагуевац, Нови Пазар и Ниш за седум локални мултисекторски мрежи.
Обуките ќе се фокусираат на значењето на вмрежувањето и соработката меѓу претставниците на Министерството за внатрешни работи, локалните центри за социјална работа, претставниците на канцеларијата за Омбудсманот, обвинителствата, судствата, Националната служба за вработување, здравствените и образовните институции, Управата за родова рамноправност, како и активисти на организации од цивилното општество.
За време на проектот ќе се идентификува најдобрите пракси и препораки за локалните мултисекоторски мрежи кои за користат за договарање со цел да се осигура унапредување на положбата на ЛГБТ-лицата во локалните заедници.