Речиси петина од стрејт мажите гледаат геј порно филмови, утврдија експертите

Експертите кои ги истражувале порнографските навики на мажите и влијанието на филмовите врз нивното однесување, откриле дека 21 отсто од стрејт мажи гледале геј порнографски филмови во последните шест месеци.

Анализата го отфрли воспоставеното мислење дека ваквите филмови ги гледаат само геј мажите.

corbin

Околу 55 отсто од геј учесниците во студијата изјавиле дека гледале порнографски филмови во кои учествуваат хетеросексуални двојки.

Експертите испитале 821 мажи за порнографскиот вкус, а едно од прашањата било дали сакаат да гледаат филмови за возрасни во кои актерите користат кондом.

Доктор Мартин Џеј Даунинг од американската организација „Паблик хелт солушн“, кој раководел со истражувањето вели дека резултатите воопшто не се шокантни.

straight-guys-watching-gay-porn

– Сексуалната привлечност и однесување се многу повеќе од идентитетот. Истражувањето покажало дека некои геј мажи чувствуваат привлечност кон хетеросексуални мажи – вели Даунинг.

Кон почетокот на октомври, сајтот „Порнхаб“ објави статистика која ги открива термините кои геј мажите најчесто ги пребаруваат во нивата видео база. На врвот е „стрејт маж“, а потоа следат поимите „црн“, „татенце“ и „без седло“ (bareback – поим кој се користи за актери кои не употребуваат кондом при секс).