Британија рехабилитира илјадници геј лица благодарение на Ален Туринг

Илјадници геј и бисексуални лица во Велика Британија кои биле осудени за сексуални прекршоци ќе бидат постхумно рехабилитирани. Ова „важна одлука“ ќе се однесува на оние кои се осудени поради истополови односи пред да донесените законски измени. Апелите за ваквата поширока акција станаа се погласни откако Ален Туринг, човекот кој ги дешифрираше кодовите „Енигма“ во Втората светска војна, во 2013 година беше помилуван од кралицата за пресудата од 1952 година, за „непристојно однесување“ со 19-годишно момче. Туринг бил хемиски кастриран и две години подоцна почина од труење со цијанид. Станува збор за очигледно самоубиство, но некои тврдат дека неговата смрт е несреќен случај.

lgbt-community-and-brexit

 

Објавувајќи го планот, британскиот министер за правда, Сем Гимах рече дека владата настојува измените да ги воведе преку амандмани на кривичниот закон. Тие кои се живи, а се осудени за дела кои повеќе не се казниви, ќе мора да се пријават за нивните имиња да бидат избришани од регистарот на осуденици.

– Особено е важно да ги рехабилитираме луѓето кои се осудени за сексуални престапи кои веќе не се казниви и кои според денешните мерила би биле невини во однос на тоа што им е ставено како товар – рече Гихам.

Пол Тукок, директор на организацијата која се бореше за постапката, ја поздрави владината одлука, но рече дека тоа не е доволно.

– Оваа одлука категорично го исклучува помилувањето за оние кои се осудени за дека кои и денеска би се сметале за казниви, како на пример секс без согласност или секс со лица помлади од 16 година – вели Тукок.

alen

Ален Туринг е помилуван по предлог на лорд Шарки.

– Ова е значаен датум за илјадници семејства во Британија, кои со децении се бореа за ова. Благодарен сум и на владата за разбирањето и поддршката. Добро е помилувањето кое го доби Туринг да до добијат и илјадници други кои се осудени за сексуални престапи пред хомосексуалноста да биде декриминализирана во 1967 година – рече лорд Шарки.

Ален Туринг, еден од најпознатите осуденици на хемиска кастрација, бил генијален математичар и криптограф, а воедно е и научникот кој ги постави темелите на модерната информатика. Според бројни извори, со тоа што успеал да ги дешифрира кодовите на германската криптографска машина „Енигма“ го скратил траењето на Втората светска војна.