Кипарскиот архиепископ ќе добие кривична пријава за ширење омраза против ЛГБТИ-лицата

Без разлика кој поттикнува омраза, уште повеќе кога тоа е Црквата на Кипар и особено самиот архиепископ, тоа предизвикува лутина и тага за сите, без оглед на нивната верска определба, стои во реакцијата на кипарското здружение „Акцепт – ЛГБТ Сајпрус“, во врска со изјавите на архиепископ Хрисостомост Втори за телевизијата „Мега 1“.

кипарски ариепископ

„Архиепископот многу лесно користи реторика на омраза, повредувајќи ги и навредувајќи ги припадниците на неговиот народ, кои се дел од ЛГБТИ-заедницата. Тој истовремено го покренува прашањето за нивното постоење. Сепак, тие не треба да бидат исплашени и обесхрабрени. Без разлика што архиепископот вели, нема ништо контрадикторно во тоа да се биде религиозен и истовремено да се биде геј, би, транс или интерсекс. Моралноста и верувањата немаат никаква врска со сексуалната ориентација и родовиот идентитет и сексуалните карактеристики. Човек може да биде и двете истовремено, односни да е припадник на ЛГБТИ-заедницата и да го следи божјиот пат и неговите учења. Да не заборавиме дека самата црква била создадена за и го претставува народот со неговата страст. Господ, барем според тоа што се проповеда, повеќе е создавач, отколку казнувач и не бара од никого да се негира себе си и да страда додека живее“, се вели во реакцијата на организацијата.

Од здружението „Акцепт – ЛГБТ Сајпрус“ велат дека геј луѓето не се родени како „лоши луѓе“, па затоа не мора да се изборат со „лошото во себе“, ниту пак хомосексуалноста е „каприц“ или „аномалија“. Тие потсетуваат дека христијанството проповеда љубов и не прифаќа омраза кон кого било.

kipar parada prajd

„За среќа живееме во секуларна држава и нашата демократија и нашите закони не му дозволуваат на архиепископот да зборува што ќе посака. Крајно време е црквата на Кипар да почне да ги сака своите соседи, како што тие ја сакаат. Треба да се стави крај на омразата и промовирањето дискриминација со таква леснотија, без прашања, без истрага, без последици. Веќе нема место за ваква практика“, стои во соопштението од здружението.

08n0ifstОд „Акцепт – ЛГБТ Сајпрус“ велат дека ЛГБТИ-заедницата е спремна да носи одлуки во име на сите маргинализирани групи кои се дискриминирани од црквата, односно за сите Кипрани од друго етничко потекло, за луѓето од друга раса, за сите со различна семејна и социјална ситуација, за сите оние кои се дискриминирани.

„Засега ќе го пријавиме инцидентот до главното обвинителство на Кипар како кршење на кривичниот код со промовирање омраза поради сексуална ориентација или родов идентитет. Истовремено, ќе побараме од Кипарското радиодифузно тело да го испита дејствувањето на телевизијата „МегаУан“ поради емитување на расистички пораки и говор на омраза, особено во отсуство на какви било противаргументи.