„Нулта пациентот“ Гаeтан Дуга не бил причината за епидемијата на ХИВ/СИДА

Лицето „нулта пациент“, кое долго време беше обвинувано дека ја предизвикал епидемијата на СИДА во САД, конечно е ослободено од обвинувањата.

 

Канадскиот стјуард, Гаетан Дуга бил промискуитетен геј маж и се досега се сметаше дека е првиот човек кој инфицирал некого во САД.

nulta pacient

 

Дуга, кој работел за „Ер Канада“, наводно годишно имал по 250 сексуални партнери. Тој почина во 1984 година, кога појавата на СИДА во САД беше во подем и усмрти повеќе од 500.000 Американци.

 

Меѓународен тим научници на Универзитетот Аризона успеале да го исчистат името на Дуга, со тоа што од примерокот кој во 1983 година бил земен од „нулта пациентот“ успеале да ја одделат неговата секвенца на вирусот ХИВ.

 

Од примерокот тие заклучиле дека таа секвенца на вирусот била регистрирана кај геј популацијата во Њујорк уште пред Дуга да почне да ги посетува њујоршките геј барови во 1974 година.

 

Научниците проценуваат дека вирусот ХИВ е донесен во САД од Хаити во 1970 или 1971 година и оти лекарите не го ни забележале. Првите симптоми се регистрирани во 1981 година.

 

Легендата на „нулта пациентот“ почна со студија од 1984 година, откако ги следеше сексуалните контакти на 40 заразени геј мажи. Осум од мажите, од четворица од Њујорк, четворица од Јужна Калифорнија рекле дека имале секс со неименуван стјуард.