EK: Македонија недоволно се бори против дискриминацијата и за правата на ЛГБТИ лицата

Европската комисија во извештајот за прогресот на Македонија на патот кон евроинтеграциите оценува дека земјата недоволно прави за борбата против дискриминацијата и негативно го оценува тоа што не постои законска одредба која забранува дискриминација според сексуална ориентација.

yoga

„Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2016-2020 беше усвоена во јуни. Новите членови на Комисијата за заштита од дискриминација се назначени на нетранспарентен начин. Некои од членовите имаат дадено јавни изјави кои го доведува во прашање нивното назначување и нивниот капацитет и способност да дејствуваат објективно и професионално. Постојат сериозна загриженост за објективноста и независноста на Комисијата, која се уште има ограничени финансиски и човечки ресурси. Бројот на поплаките кои се доставени до Комисијата е намален, а бројот на решени и потврдени случаи на дискриминација во 2015 година е незначителен (33 од 66). Не постои систематско собирање на податоци за известување, истражување и гонење на говор на омраза и на злосторства од омраза. Податоците на граѓанските организации покажуваат дека властите не покренуваат пријави и не ги гонат сторителите на ваквите криминални дејствија“, стои во извештајот.

Комисијата оценува дека во македонското општество, во медиумите и на интернет постојат предрасуди и стереотипи кон лезбејките, геј, бисексуалните, трансродовите и интересексуалните лицата (ЛГБТИ).

627px-lgbt_flag_map_of_macedonia-svg

„Треба да се направат значителни напори за борба против нетолеранцијата кон ЛГБТИ лицата. Нападите од 2012 години на ЛГБТИ центарот за поддршка се уште не се истражени. Во декември 2015 година, седуммесечната затворска казна за лицето кое во 2012 години нападна ЛГБТИ-активисти, беше поништена од Апелцискиот суд“, стои во извештајот.

Од Брисел исто така забележуваат и за тоа што во земјата не постои соодветен третман за промена на полот.

„Трансродните лица имаат пристап само до ограничени здравствени услуги. Националните власти треба значително да го засилат напорите за зголемување на свесноста и почитувањето на разновидноста во општеството. Позитивната соработка меѓу граѓанското општество и полицијата од една општина, за прослава на човековите права и на ЛГБТИ лица претставува позитивен пример. Особено е важно да се врши обука и едукација на припадниците на безбедносните сили, на обвинителите, судиите, здравствените работници и наставниците и професорите“, стои во извештајот.