Турција ја прекршила Европската конвенција за човекови права со запленувањето на ЛГБТИ-магазинот „Каос ГЛ“

Human Rights Building

Европскиот суд за човекови права денеска едногласно пресуди во полза на турското ЛГБТИ-движење „Каос ГЛ“, односно дека турските власти со запленувањето на сите копии од магазинот ја прекршила слободата на изразување, односно член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Судот оценил дека заштитата на јавниот морал, со што турските власти го правдаа запленувањето и конфискацијата на сите копии од 28 број на магазинот се нецелосно оправдани. Судот се согласува дека можеби било потребно да се преземат мерки со кои ќе се спречи публикацијата да биде достапна до одредени групи, посебно малолетниците, но истакнува дека турските власти не се обиделе да имплементираат помалку строги превентивни мерки, како на пример воведување забрана списанието да се продава на лице помлади од 18 години или да се постави посебно предупредување на пакувањето дека не е за малолетници.

page_lgbti-bireylerinin-kamusal-alani-kaos-gl-20-yasinda_138363415Главниот обвинител на Анкара на 21 јули 2006 година запленил три копии од магазинот „Каос ГЛ“, пред да биде дистрибуиран. Спорниот број содржел написи, интервјуа поврзани со порнографијата и хомосексуалноста, кои биле илустрирани со експлицитни фотографии. Истиот ден, Кривичниот суд, на барање на обвинителството наредил да се запленат сите 375 копии од 28 број на магазинот и побарал да се разгледа можноста за покренување кривична истрага. Судот оценил дека некои од содржините и фотографиите се спротивни со принципите за заштита на јавниот морал. ЛГБТИ-здружението „Каос ГЛ“ ја обжалил одлуката, но жалбата била одбиена.

ЛГБТИ- организациите ја поздравија одлуката на судот, но истовремено изразија жалење што со пресудата не се истакнува важноста дека „јавниот морал“ не смее да се користи како оправдување за дискриминацијата и за ограничување на слободата на изразување.