Поглаварот на руската црква смета дека истополовите бракови ќе го уништат човештвото

patrijarh-kiril
Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил во интервју за „Раша тудеј“ изјави дека истополовите бракови ќе уништат сè и оти се исто лоши колку апартхејдот во Африка и нацистичките закони на Хитлер.

Според рускиот поглавар, брачната еднаквост е најлошото нешто во човештвото.

– Би можеле ова да го споредиме со апартхејдот во Африка или со законите на нацистите. Кога законите стануваа против моралните вредности, луѓето се бунеа. Тие знаеја дека се вештачки и се против природата. За прв пат во човековата историја, легислативата му противи на човековата природа, на тоа што е добро и зло – изјави патријархот Кирил.

Според него, брачната еднаквост претставува „страшна закана“, која може да стави кај на постоењето на човечкиот род.

– Под ниту еден услов тоа не смее да се прифати како општествена норма. Тоа не е исто како со општествената норма која произлегува од нашата морална природа, односно  дека бракот се склучува меѓу маж и жена, и тие создаваат семејство и деца. Затоа сметаме дека новиот тренд претставува голема закана за опстојувањето на човечкиот род – вели поглаварот на Руската православна црква.