Малта е првата земја од ЕУ која ги забрани контроверзните терапија за преобратување геј лица

malta_gay_cure_conversion_therapy
Островската земја Малта усвои закон според кој судот ќе ги прогласи за виновни и ќе им изрече затворска казна на медицинските експерти кои ќе препишат така наречена терапија за „лечење хомосексуалност“. Со тоа, Малта стана првата земја во Европската Унија која ја забрани контроверзната терапија за преобратување геј лица.

Политичарите на Малта го изгласаа законот за Афирмација на сексуална ориентација, родов идентитет и родова експресија, според кој терапиите за преобратување и лечење на геј лицата се „измама и штетни“.

gay_not_gay_grayСо новиот закон, секој кој ќе биде прогласен за виновен ќе добие парична казна од 5.000 долари, а во потешките случаи и затворска казна до пет години. Ваквиот закон и ја зацврсти позицијата на Малта како една од најпрогресивните земји во светот за ЛГБТ права.

Новиот закон веднаш беше поздравен од Комората на психолози на Малта, Асоцијацијата на психијатари, Асоцијацијата за семјната терапија и системска пракса и Асоцијацијата за професионално советување.

„Отворено се спротивставуваме и не ги одобруваме третманите кои се штетни за луѓето во нашата заедница. Таквата пракса не само што отфрлаат група на индивидуи врз основа на предрасуди и недостиг на толеранција за разноличност, туку исто така штети во напорите за меѓународното признавање на LGBTIQ правата. Ние како тело промовираме почитување и еднавост на сите лица, и одлучни сме и посветени да работиме кон тоа нашите клиенти да се чувствуваат безбедно и да добијат терапевстко искуство какво што заслужуваат“, стои во заедничката изјава на експертските асоцијации на Малта.