Новиот премиер на Нов Зеланд од противник станал поборник за истополовите бракови

bill-english

Новиот премиер на Нов Зеланд, Бил Инглиш вели дека го сменил своето мислење за истополовите бракови. Инглиш во 2004 година гласаше против законот за цивилно партнерство, а во 2013 година против измените и дополнувањата на законот со кој се дефинира бракот.

Сепак, Инглиш сега вели дека има поинаков став за овие теми и оти ја поддржува легислативата за еднаквост.

gej-dvojka-1– Веројатно сега би гласал поинаку за прашањето со геј браковите. Не мислам дека геј браковите се закана за другите бракови. Имав можност да видам каков е импактот за овие двојки, но тука е и фактот дека тоа не го еродира бракот. Всушност тие го афирмираат концептот на брак – вели Инглиш.

Новиот премиер вели дека е голем верник и откри дека неговата верба влијае врз одлуките кои ги носи, но и на погледите на светот.

– Влијае врз формирањето на ставовите, на совеста. Едно е сигурно, дека тоа не е гаранција за доблест или совршенство. Тоа не ме дефинира како човек, но има важно влијание – вели Инглиш, кој во понедленикот стапи на премиерската функција.