Нов извештај на Европскиот парламент за основните човекови права и за ЛГБТИ-правата во ЕУ

Evropski parlament

Европскиот парламент усвои нов сеопфатен извештај за фундаменталните човекови права во Европската Унија, во кој се оценува како тие се имплементираат во Унијата и што се мора треба да направи за да се постигнат стандардите кои се зацртани во Повелбата за основни права.

Во документот се прави и детална анализа за ситуацијата на ЛГБТИ-лицата и се апелира за преземање конкретни мерки во борбата против хомофобичните и транфобичните злосторства од омраза, овозможување слобода на движење меѓу земјите членки, која се однесува и на истополовите двојки и нивните деца, пристап до вработување, добра и услуги.

eu-lgbtПосебен дел од извештајот е посветен на правата на трансродовите лица, а во него се истакнува дека овие лица не смеат да бидат сметани за ментално болни и се охрабрува Европската комисија да ја продолжи својата работа со Светската здравствена организација за да осигура дека во претстојната Меѓународна класификација на болести да не се сметаат трас лицата за ментално болни.

Сепак, европарламентарците го отфрлија амандманот на Зелените во Парламентот со кој се охрабруваа земјите членки да забранат медицински третмани врз интерсекс децата.

– Извештајот покажува дека ЕУ игра значајна улога во зачувување на човековите права. Од клучно значење би било Европскиот совет да ја деблокира Директивата за хоризонтално еднаков третман и да гарантира дека дискриминацијата брз основа на сексуална ориентација е забранета во сите области на животот – изјави европарламентарката Улрике Луначек, која е копретседател на ЛГБТИ интергрупата на Европскиот парламент и известувач за Директивата за хоризонтално еднаков третман.

– Особено е важно претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, потпретседателот Франс Тимерманс и европската комесарка за правда, трговија и родова еднаквост Вера Јурова да продолжат да притискаат за антидискриминациската Директива, како што ветија на почеток на својот мандат  – рече Луначек.

viotti_danieleСпоред европратеникот Даниел Воти, кој исто така е копретседавач со ЛГБТИ интегргрупата во Европскиот парламент, Европската комисија и покрај листата на активности за ЛГБТИ-права, на моменти е премногу колеблива и не успева да им покаже, особено на лидерите дека немањето консензус кај членките на ЕУ негативно се одразува врз ЛГБТИ-лицата.

– Ја повикуваме Европската комисија да биде поцврста и побрза во реагирањето на неправдите, не само правно, туку и политички – рече Воти.