Советот за безбедност на ОН не му оддаде почит на Бан Ки-мун за борбата за ЛГБТ права

Ban Ki mun

По приговорите на Русија, Советот за безбедност на Обединетите работи ги отстрани референците од работата на Бан Ки-мун кои се однесуваат на ЛГБТ+ правата.

Висок дипломат, кој побарал да остане анонимен, за весникот „Њујорк тајмс“ рекол дека Русија инсистирала да се отстранат ЛГБТ+  референците од изјавата на Советот за безбедност со која му се оддава почит на генералниот секретар на ОН во заминување Бан Ки-мун.

Русија, Кина и други земји од Блискиот Исток и Африка постојано се противеа на чекорите на ОН во однос на ЛГБТ+ правата.

Во оригиналната изјава, до која дојде новинската агенција Асошиетед  прес, се наведува дека Бан Ки-мун е одговорен што „жените, младите лица и ЛГБТ-заедницата се слушнати и им е помогнато, а денеска нивниот глас е погласен и посилен, не само во седиштето на Обединетите нации туку и во светот“.

Сепак, во изјавата која во средата му беше прочитана на Бан Ки-мун не беше вклучен делот за ЛГБТ+ лицата. Наместо тоа во изјавата бил вметнат следниот ред: „така што најранливите и маргинализираните беа чуени и помогнати од ОН“

Резолуцијата која Советот за безбедност ја усвои во средата, му оддава почит на на Бан Ки-мун за неверојатните напори да се решат меѓународните проблеми на полето на економијата, општеството, животната средина и културата, како и за неговите напори да се задоволат хуманитарните потреби, да се промовираат и да се охрабри прочитувањето на човековите права и фундаменталните права на сите“.

Бан Ки-мун на 1 јануари ќе му ја предаде должноста на Антонио Гутереш, со што ќе заврши неговиот 10-годишен мандат на генерален секретар.