Анализа на законодавството на Република Македонија во однос на дискриминацијата заснована на сексуална ориентација и родов идентитет

Оваа анализа го прикажува законодавството за спречување на дискриминацијата во Република Македонија во однос на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Со цел да се добие сеопфатна слика, анализата е поделена на неколку поглавја анализирајќи ги меѓународните документи, националното законодавство на Република Македонија во однос на неговото усогласување со тоа на ЕУ, а се изведени и заклучоци и на крај дадени препораки.

Анализата беше спроведена во рамките на проектот „Искористување на ЕУ-пристапните процеси за унапредување на ЛГБТ правата во Западен Балкан“ во соработка со Сараевскиот отворен центар, а финансиски поддржан од Стејт Департментот – Бирото за демократија, човекови права и труд, од САД.

Анализата, која беше изработена од м-р Александра Богдановска, може да се преземе овде:
Анализа на законодавството на РП во однос на дискриминацијата заснована на сексуална ориентација и родов идентитет