Срамен и дискриминаторски прилог на ХТВ за смртта на Џорџ Мајкл – „Загреб прајд“ ќе покрене тужба

george_michael_hrt
Хрватското ЛГБТ здружение „Загреб прајд“ најави дека ќе преземе правни дејствија против хрватската национален сервис ХТВ, со цел да го спречи идното јавно срамотење на ЛГБТ-лица, изјави Марко Јурчиќ, по вчерашниот прилог во дневникот на „ХТВ“ за смртта на музичката ѕвезда Џорџ Мајкл.

– Тоа вклучува и пријава до одговорните надлежни тела за сузбивање дискриминација и евентуално покревање други антидискриминациски постапки кои, согласно хрватските закони ни се достапни нам како здружение кое има оправдан интерес за заштита на колективните интереси на ЛГБТ лицата – изјави Јурчиќ.

jurcicТој истана дека ова е не прв случај уредниците и водителите на ХТВ да поттикнуваат дискриминација на ЛГБТ лица. За ваквата појава, „Загреб прајд“ планира да ја извести Европската радиодифузна унија и „Би-би-си“.

– Таков испад за големата музичка ѕвезда од нашата генерација и познат хуманитарец,, за што воопшто не се ни спомна во прилогот, претставува голем срам за јавниот сервис – вели Јурчиќ.

Од „Загреб прајд“ ги повикуваат граѓаните и граѓанките да го изразат своето незадоволство, разочараност и згрозеност преку на и-мејлот на ХТВ.

Џорџ Мајкл, кој почина во неделата, беше инспирација за многумина кои имаа проблем да ја изразат својата сексуалност, особено во периодот кога беше стигматизирано да се биде ЛГБТ лице. За многумина, кои растеа во 90-те години на минатиот век, Џорџ Мајкл беше еден од првите геј личности за кои знаеја.

Сепак, пејачот со години ја криеше својата хомосексуалност. Тој јавно проговори за својата сексуалност откако беше уапсен во Лос Анџелес поради сексуален акт на јавно место.

Џорџ Мајкл истата година го објави музичкото видео за песната „Outside“ кое стана симбол за борбата за прифаќање на LGBTQ заедницата. Дури и пред јавно да проговори за својата сексуалност, во 90-те години на минатиот век, тој ја објави песната „Freedom“, која стана една од најпрепознатливите песни на Парадите на гордоста ширум светот.

Сепак, признавањето на својата сексуалност беше тешка задача за Џорџ Мајкл, кој се бореше со самиот себе си како да се прикаже вистински пред своето семејство.

– Од некоја чудна причина, мојот геј живот не стана полесен откако јавно се декларирав. Напротив, стана покомплициран – изјави своевремено Мајкл за „Би-би-си“.

george_michael

Веста за неговата смрт ја потресе LGBTQ заедницата, па нејзините членови на социјалната мрежа „Твитер“ ги изразија своите чувства и споделија што Џорџ Мајкл значел за нив и како тој им помогнал да се чувствуваат добро со тоа што се геј.

„Секогаш кога мајка ми збори за Џорџ Мајкл од ерата на „Wham“, вели „пред тој да биде геј“, а јас секогаш ја користам таа шанса да ја поправам. Џорџ Мајкл за една цела генерација беше првиот геј и никогаш нема да дознаеме на колку млади момчиња им помогнал“ – напиша на „Твитер“, Филип Елис.

„Почивај во ми Џорџ Мајкл. Испеа многу моменти, а твојата видливост и гордост им помогна на ЛГБТ-децата од 90-те, како и на мене, да сфатат дека не се сами“ – напиша Роби де Сантос.

„Почивај во ми Џорџ Мајкл и ти благодарам што им олесни на идните генерации на ЛГБТ лица да бидат „аут“ во јавност“ – напиша Лијам Хакет.

„Џорџ Мајкл беше геј во време кога ниту беше кул, ниту пак беше лесно да се биде. Тој се бореше со хомофобијата и создаде песни на една ера. Почивај во Мир“, напиша Дејвид Мајкл Барет.