Одликуван затоа што убивал, а отпуштен затоа што засакал: Ова се единствените геј гробишта во светот

grobista-1

Конгресните гробишта во близина на Капитол Хил во Вашингтон се познати како „најмодерните гробишта во САД“. Сепак епитетот не е поради технологијата или дизајнот, туку поради фактот што на нив постои посебно „геј катче“, по кои се апсолутно уникатни во светот.

ЛГБТ секцијата на конгресните гробишта почна од еден човек, кој се викал Леонард Матлович. Бил ветеран во Виетнамската војна и неговата 12-годишна кариера во американското воено воздухопловство била апсолутно беспрекорна. Сепак, на 8 март 1975 година, Матлович на својот надреден му испратил писмо во кое признал дека е геј.

grobista-2

Тогашните воени прописи биле децидни, военото воздухопловство не толерира хомосексуалност.

На сослушувањето, обвинителот го прашал психијатрискиот вештак дали присуството на Матлович во војската може да ја „изопачи сексуалноста на нормалните војници“. Иако психологот одговорил „не“, Матлович е отпуштен.

grobista-3

По отказот, Малтович станал посветен активист за инклузија на геј лицата во војската, а една од неговите најважни „подароци“ е токму геј катчето на Конгресните гробишта во САД.

Симболично, Матлович во 1984 година купил две гробни места, едно за себе, другото за својот партнер, во близина на Едгард Хувер и Клајд Толсон. Хувер, кој се смета за основач на ФБИ, водел своевидна војна против геј лицата, иако судејќи според релевантните историски извори, и самиот бил геј.

grobista-4

Откако внимателно ја избрал локацијата, Матлович се фрлил на подготовка на својот надгробен споменик, чија цел не била само сеќавање на самиот него, туку на сите геј воени ветерани во САД. На црна гранитна плоча, наместо името Леонард Матлович, испишана е една поширока категорија – „Геј виетнамски ветерани“, а под неа е испишан епитафот: „Кога бев во војска ми дадоа медали затоа што убив двајца мажи, а ме отпуштија затоа што засакав еден“.

Четири години откако го купил гробот, Матловиќ починал од СИДА во 66 година од животот.

grobista-5

Неговиот особено впечатлив споменик ги охрабрил останатите припадници на ЛГБТ заедницата да купуваат гробни места во близина на Матлович. Така, малку по малку, Конгресните гробишта добија свое „геј катче“ и едно место каде мртвите го инспирираат живите.

grobista-6