Во САД издаден првиот извод од матична книга на родените со ознака интерсекс

sarakellykeenan

Сара Кели Кинан е првата личност во САД на која и е издаден извод од матична книга на родените со ознака за род интерсекс.

Во вторникот Кинан добила извор од матичната книга на родени со ознака интерсекс, што е прв извод од овој вид во државата Њујорк, но и во САД. Според неодамна емотивниот прилог на „Ен-би-си њуз“, Сара е родена како интерсекс личност, односно со машки гениталии, женски генитали и измешани репродуктивни органи. Во нејзиниот извод од матичната книга на родените сега стои „интерсекс“, наместо „машки“ или „женски“ род.

Изразот интерсекс се однесува на лица чии репродуктивни или полова анатомија нужно не се поклопува во дефиниција за машки или женски род.

sara-kelly-keenanПедесет и петгодишната Кинан изјавила дека ваквата одлука е „охрабрувачка и оти ја изненадила“. Таа мејлот во кој ја известуваат дека нејзиното барање е прифатено го добила кон почетокот на декември 2016 година, но сепак се плашела дека сето тоа би можело да биде некоја збрка и дека во последен момент ќе и го кажат тоа. Но, тоа не се случило.

– Се чувствував фантастично кога го здогледав зборот на хартијата, дека навистина е запишан и дека не е нешто од кое треба да се срамам. Само е вистина – вели Кинан.

Во 2012 година татко ѝ и кажал за нејзиниот интерсекс статус и за збунетоста на лекарите за нејзините гениталии од раѓање. Сара честопати се чувствувала лошо поради своето специфично ригидно родово воспитување. Во првите 10 години од животот родителите и дозволувале да има роденденска прослава само ако облече фустан, во кој се чувствувала непријатно.

– Отсекогаш сум знаела дека сум нешто поинаква од момчињата и од девојчињата, но не знаев што е тоа. Мислев дека сум сама и единствена таква личност во светот – вели Кинан.

Во септември, Сара, која е родена во Њујорк стана втората американска државјанка на која и е доделен „небинарен“ родов статус. Сепак, како што вели, њујоршките закони за изводи од матична крина на родените бараат ознаката за род да биде заснована на биологијата. Ја одбиле ознаката „небинарно“ и дозволиле „интерсекс“. Сепак, таа се надева дека науката се развива во насока во која на лицата покрај ознаките машко, женско и интерсекс, ќе им бидат овозможени и други ознаки.

„Њујорк отвори една врата, почнавме нешто што сега не може да се запре – рече Кинан.

Иако не постои официјален податок за тоа колку интерсекс лица има во САД, организацијата „Интерсекс сосаети оф Норт Америка“ вели дека од 2.000 новороденчиња едно е интерсекс. Сара веќе се залага за правата за интерсекс лицата ширум САД и ги повикува да побараат промена на податоците во своите изводи. Таа работи со „Интерсекс и џендерквир рекогнишн проџект“ како правна застапничка и вели дека во моментов има 30 лица ширум САД на листа на чекање за промена на ознаката за род. Иако Сара нема свои биолошки деца, таа се надева дека овие промени на подобро ќе бидат од голема важност за деца се идентификуваат како интерсекс.

– Поради тоа што се случи и за тоа што се изборив, сите интерсекс децата кои се родени сега и кои допрва ќе бидат родени се мои, затоа што можам да направам ништо, да променам на подобро. Немам биолошки деца, но имам срце за иднината на децата затоа што можам да им помогнам и да им пружам подобро искуство – вели Кинан.