Британската медицинска асоцијација бара да се користи терминот „бремени лица“ за да не се навредат интерсекс и транс лицата

Британската медицинска асоцијација (БМА) побара трудните жени да не се нарекуваат „бремени мајки“, затоа што тоа би можело да ги навреди транс лицата. Наместо тоа бараат да се користи терминот „бремени лица“, со цел да се не вознемируваат интерсекс и транродовите мажи, велат од асоцијацијата.

Барањто доаѓа како препорака до пресоналот во болниците, а во него се наведени вообичаените фрази кои треба да се избегнуваат за да не навреди некое лице.

Според брошурата, „старите“ треба да бидат именувани како „повозрасни лица“, „лифтовите за лица со посебни потреби“ да се именуваат како „пристапни лифтови“, а за лицата кои „биолошки се мажи или жени“ да се користи фразата „доделен машки или женски род“.

Од БMA велат дека документот е само насока за вработените за ефикасна комуникација во рамки на работното место, а не се совети на 156.000 членови на асоцијацијата како да се справуваат со пациенти.

Во однос на бременоста и мајчинство, во брошурата се наведува дека „родовата нееднаквост се рефлектира во традиционалните сфаќања за улогите на мажите и на жените. Иако тие се променија со текот на времето, претпоставките и стереотипите кои ги поткрепуваат тие идеи често се длабоко вкоренети“.

„Голем дел од лицата кои се бремени или се породиле се идентификуваат како жени, но може да ги вклучиме интерсексуалните мажите и трансмажите кои би можеле да забременат, користејќи ја фразата „бремени луѓе“ наместо „бремени мајки“, стои во брошурата.

Неодамна во Велика Британија, Британец кој е роден како женско, но сака да стане маж, ја одложи хируршката операција за промена на полот, за да роди дета. Хајден Крос, 20, правно е маж и примал хормонска терапија, но се уште го нема сменето полот.

Од Асоцијацијата исто така наведуваат дека не треба да се користат зборовите „mankind“ и „manpower“ имајќи предвиде дека коренот на зборот е „man” (маж) и наместо тоа се предлага да се користи терминот „humanity“ (човештво).

Памфлетот е наречен „Водич за ефиктивна комуникација: инклузивен јазик на работното место“, а со негово воведување треба да се промовира добра парктика и преку јазикот да се искаже почит и сензитивност кон сите. Соодветниот избор на зборови, како што велат од Асоцијацијата, придонесува кон прифаќање и промовирање на различностите.