Европскиот парламент бара зајакнување на легислативата за еднаквоста на ЛГБТИ лицата

Европскиот парламент во годишниот Извештај за родова еднаквост, усвоен во вторникот ја повика Европската комисија да го прошири опсегот на законот на ЕУ за говор на омраза со тоа што во него ќе вклучи казнивост за поттикнување омраза врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет и полови карактеристики.

Во однос на правата на трансродовите и интерсекс лицата, во извештајот се истакнува дека идната стратегија на ЕУ за родова еднаквост треба да биде инклузивна и со неа да бидат опфатени трансродовите и интерполови лица.

Парламентот , во извештајот, ги повикува земјите членки да го вметнат „родовата еднаквост и половите карактеристики во своето законодавство за родова еднаквост кога ќе ги имплементираат директивите на ЕУ за родова еднаквост. Тоа ќе значи забрана на дискриминација на транс и на интерполовите лица при вработување, пристап до добра и услуги и социјална заштита.

Во извештајот посебно се адресира ситуацијата со бегалците кои се жртви на насилство поради нивната сексуална ориентација и родов идентитет. Во документот се истакнува дека тие мора да добијат поддршка „во сите етапи од процесот на миграција“, вклучувајќи и мерки за итно релоцирање во случаи кога не може да се гарантира нивната безбедност, да се им се даде психолошка помош и идно да се признае нивниот родов идентитет додека трае процесот да одобрување на азил.

– Мило ми е што широко мнозинство од Парламентот гласаше во полза за родовата еднаквост и еднаков третман на ЛГБТИ лицата. Сега на комисијата останува тоа да го спроведе – вели европратеникот Ернест Уртасун, член на ЛГБТИ интегрупа и автор на извештајот.

– За прв пат парламентот усвојува вака јасна позиција против дискриминација на транс и интерсекс лицата. Предолго се занемаруваше и сметам дека е се стави крај на овие кршења на човековите права, подобро денеска отколку утре – вели европратеничката Софи ин Т’Велд, потпретседателка на ЛГБТИ интегрупата.