Германија ќе ги обештети осудените геј лица

Германската влада одобри предлог закон за укинување на пресудите на илјадници геј лица процесирани после Втората светска војна.

На геј лицата кои биле осудени во периодот од 1949 до 1969 година, а кои се уште се живи ќе им биде исплатени отштета за преживеаното страдање поради законот познат како Параграф 175, со кој беа забранети сексуалните односи меѓу мажите.

Законот за прв пат е воведен во 19 век, но во 1935 година, за време на нацизмот беше заострен, а подоцна остана на сила  во Западна Германија.

Иако хомосексуалноста е декриминализирана во Источна Германија во 1968 година и во Западна Германија во 1969 година, законот беше целосно отфрлен дури во 1994 година.