Татко и ќерка сфатија дека се трансродови лица и заедно ја минаа транзицијата

Татко и ќерка заедно ја минаа транзицијата од мајка и син. Двојката изминатите две години минуваше низ исто патешествие, менување на полот.

Триесет и деветгодишниот Ерик Мајсон ја започна својата транзиција во маж во 2015 година, а неговата 15-годишна ќерка Корија во исиот период почна хормонска терапија.

– Храброста на Кори дефинитивно ме инспирираше да се декларирам како трансродово лице. Гледајќи колку е храбра, без разлика на суровоста на светот со која од време се соочува, ме прави горд. Си помисли: „Ако таа може, можам и јас – вели Мејсон.

Двојката за „Ен-би-си њуз“ сподели фотографии од периодот пред и после транзицијата. Говорејќи за различни медиуми минатата година, Кори изјави: „Ние не сме закана… ние сме како сите други деца. Се што сакаме е луѓето да не прифатат такви какви што сме“.

Мејсон вели дека Корис се идентификува како шенско уште од својата втора година од животот и оти главна инспирација за ваквата голема одлука им била активистката Џеј Џенингс.

Ерик и покрај тоа што веќе е маж, се уште за своите деца е „мама“. Тој вели дека отсекогаш знаел дека е машко.

Кори е едно е петте деца и живее со својот татко Лес Мејсон и четирите сестри Челси, Кејли, Елен и Вилоу.

Лес вели дека Ерик пред година и пол му соопштил дека е трансродово лице.

– Мојата првична реакција беше зачудувачка. Во една рака бев среќен затоа што некој ќе го живее животот каков што е, но од друга страна си помислив, како тоа ќе се одрази на мене, на нашата врска и на нашето семејство – раскажува Лес.

Тој вели дека Ерик никогаш не си ги сакал градите, па дури и викал дека ако добие рак на гради и двете ќе ги отстрани.

– Пресреќен сум што ги отстранив градите и што земам хормони. Имам чувство дека ми тргнале огромна тежина. Имав чувство дека целата тежина на светот е на мој грб, а сега сум слободен – вели Ерик.

Лес вели дека сега нивната врска е посилна, и имаат многу подобри односи.

– Сега најголемата забуна која се појавува е прашањето дали тоа сега мене ме прави геј? Не. Родот е една работа, а сексуалната преференција е сосема друга. Ериг ги оперираше градите, но не планира да го смени и полот – вели Лес.