Во Црна Гора е формирана правата Асоцијација на трансродови, интерполови и родово разнолики лица


Во Црна Гора е формирана првата Асоцијација на трансродови, интерполови и родово разнолики лица (ТИГВ), „Спектра“.

Организацијата е основана од членови на транс-активистичката група „Трансовци“, која дејствуваше во рамки на „Квир Монтенегро“ и тоа за време на „Транспозиум 4“, регионален настан за транс, интер и родово разнолики лица, организиран во соработка со „Транс нетворк Балкан“ и „Транс Ијд“.

„Идејата за формирањето на „Спектра“, која е раководена од транс, интер и родово разнолики лица, дојде од потребата за активно вклучување на транс, интер и родово разноличните лица во борбата за нивните човекови права, како и од потребата за нивно директно промовирање на квалитет на животот на на овие лица, не само на национално и регионално, туку и на меѓународно ниво, стои во соопштението на организацијата.

На почетокот на своето работење, „Спектра“ соопшти дека ќе го обележат Меѓународниот ден за видливост на транс лицата.

„Нашите први активности се поврзани со уличен активизам, насловен „Родот е спектар на бои“, кој има за цел да ја зголеми видливоста и свесноста за ТИГБ-лицата, покренувајќи дискусија за концептот на родот, преку серија едукативни и информативни пораки дистрибуирани во црногорскиот главен град Подгорица“, велат од организацијата.

Од „Спектра“ велат дека сакаат да создадат општество во кое секое лице има еднаков третман и човекови права, во кои индетитети и тела се почитувани, а различностите се слават.

„Главна цел на организацијата е заштита и промоција на човековите права на траснродовите, интерполовите и родово разноликите лица, изградба на ТИГВ заедница, зголемување на видливоста на на ТИГВ лицата во јавноста, зголемување на свесноста за ТИГВ теми, едукација за родот, родовиот и половиот идентитет, телесните карактеристики и интегритетот на телото, пружање бесплатна психолошка и правна поддршка, организирање културни настани кои имаат за цел да покренат дискусија за родот и полот, како и други манифестации“, стои во соопштението.