Шестата Парада на гордоста во Солун ќе биде посветена на идентитетите


Шестата Парада на гордоста во Солун ќе се одржи од 14 до 17 јуни годинава и ќе биде посветена на правото секој да се идентификува како што е чувствува, соопшти организаторот „Солун прајд“ и додаде дека сите имаме обврска да го почитуваме самоидентификувањето на другите.

„Со зголемената видливост на ЛГБТИК заедницата, општеството станува се повеќе запознаено со идентитетите кои се поврзани со сексуалната ориентација и родовиот идентитет, изразувањето и половите карактеристики. Овие идентитети се додаваат на другите кои веќе ги имаме и со тоа лицата добиваат повеќе идентитети. Солунскиот прајд има за цел да потсети дека половите и родовите идентитети, како и сите идентитети, се поврзани со личноста кои го има и која избира така да се идентификуваат. Секој човек има право да прифати идентитет и родова експресија каква што посакува, да ја направи својата личност повидлива, да се вљуби во кого сака, но и да го прифати и почитува правото на другите да имаат различен или било какви други идентитети“, соопштија од „Солун Прајд“.

Организаторите повикуваат секој кој сака да дојде и да биде дел од Парадата на гордоста во Солун, да се самоидентификува како што сака и да го прослават тоа со серија културни настани, улични забави, концерти и со Марш на гордоста.