На 90 години призна дека е трансродово лице – запознајте ја воената ветеранка Патриша Дејвис

По повеќе од осум децении криење, 90-годишната Патриша Дејвис одлучила да признае дека е жена. Таа почнала медицинска процедура и веќе е на естрогенска терапија.

– Имам чувство како да ми се симнала огромна тежина од грбот. Предолго живеев во лага – вели Дејвис.

На тригодишна возраст знаела дека родот и полот не одговараат, но Дејвис цел живот се плашела дека ако ја дознаат ќе ја испратат на електрошок терапија.

Порано транссексуалноста, вели, не била многу позната и би била сметана за геј, па затоа и ја криела својата желба.

– Не беше безбедно. Луѓето не разбираа што е трансродово лице Отсекогаш ме привлекувале жени, но не во сексуална смисла. Сакав да живеам како нив. Ме спасуваше тоа што имам луда смисла за хумор, па така ги преживував тешките моменти – вели Патриша и додава дека во младоста си играла со женски играчки, што на нејзините родители не им било чудно.

Таа била загрижена дека нема да ја примат во војска. Воениот рок го отслужила во периодот меѓу 1945 и 1948 година на Далекиот Исток, Источна Африка и Палестина, но тогаш не знаела што чувствува од внатре и се плашела дека светот ќе ја смета за геј. За трансродовоста дознала преку телевизија и тоа во 70-години на минатиот век.

Иако сите овие години ја криела својата тајна, само на една личност и се доверила, на сопругата. Биле во брак 63 години. Таа починала во 2011 година, а и признала дури во 1987 година.

– Имав 60 години кога и соопштив на сопругата. Беше многу сочувствителна и ми помогна, но одлучивме да не откриваме – раскажува Дејвис и додава дека потоа сопругата му купувала фустани и накит.

Патриша вели дека во едeн момент тинејџери од нејзината околина ја забележале дека носи високи потпетици и оти потоа со јајца го гаѓале нејзиниот прозорец.

Сепак, работите се смениле. Откако јавно признала, таа добила поддршка од нејзината заедница.

– Постепено почнав да им кажувам на некои од соседите. Сите ми рекоа да не се грижам и дека најважно е да сум среќна. Не е 100 процентно безбедно, но е многу подобро вака. На луѓето на кои им соопштив добро ме прифатија и не ме злоупотребија. Се приклучив кон Институтот на жените. Се дружам со нив и си разговараме. Одлично се забавувам. Ова е ново поглавје од мојот живот – вели Дејвис и додава дека сака да доживее 100 години.