Холандските власти во знак на протест ги повикаа сите мажи да се фатат за рака

Политичарите во Холандија минатата недела на јавните настани се држеа за рака во знак на протест поради тоа што геј двојка беше нападната затоа што во јавност се држела за за рака.

Одговорот на холандските власти, министрите и премиерот е да прикаже дека држењето за рака на истополовите двојки е нормална и прифатлива работа, поради што ја покренаа акцијата на социјалните мрежи.

– Сметаме дека тука е нормално да покажете кои сте. Но, очигледно на некои луѓе тоа се уште не им одговара, посебно не во секојдневието. Затоа е важно на сите да им покажеме дека е нормално да се држат за рака – изјави еден од политичарите кој зеде учество во кампњата.

Министрите на социјалните мрежи објави фотографии како со своите колеги се држат за така, а меѓу нив се и заменик премиерот и министерот за финансии.

Дури и холандската делегација во Њујорк, како и делегацијата во Лондон се снимени како се држи за раце.

Во 2001 година Холандија стана првата земја во светот во која беа легализирани геј браковите. Сепак тоа не спречи да бидат регистрирани 1.574 случаи на насилство кон ЛГБТ лицата.

Премиерот Марк Руте изјави дека нападот на геј двојката е стрешен и ужасен чин и дека тоа нема да биде толерирано.

По примерот на властите, и граѓаните на Холандија се приклучија кон акцијата.