Повик за учество во работилница од областа на ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАКО НОВИНА НА ДЕНЕШНИЦАТА

Дали се откажуваме на првата потешкотија?

Ги користиме ли сите вештини што ги имаме?

На што се темели нашиот успех во животот и работата?

Дали нашиот живот е препуштен на емоциите?

——————————————————————————————————

Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста “Субверзивен Фронт” ве повикува за учество во работилница за една од новините на денешното време и секојдневниот човек: емоционална интелигенција.

Зошто учеството не е губење на време?

Затоа што:

  • Свесноста за емоциите е основна емоционална способност
  • Би можеле да погледнете во себе и да видите дали сте свесни за постоење на емоциите, преку примена на психолошки тестови и практична работа
  • Би ги откриле факторите кои влијаат врз емоционалната интелигенција, како и факторите врз кои влијае емоционалната интелигенција.
  • Би дознале што опфаќа емоционалната интелигенција и во што е опфатена
  • Би придонеле за личен развој и подобро функционирање во важни области на живеењето.

Работилницата ќе се одржи на 26-ти април (среда) од 18:00 до 20:00 часот, во просториите на С-Фронт (ќе добиете подетални информации за локацијата). Истата ќе биде спроведена од страна на искусни психолози, психотерапевти – практичари. Поради ограничен капацитет на просторот и соодветно планирање на ресурсите, рокот за пријавување на учесниците е до 23-ти април (недела), 23:59ч.

Учеството во работилницата е бесплатно и доброволно.

Работилница е наменета за сите љубопитници кои го делат секојдневието.

За учество во работилницата, испратете е-мaил на contact@s-front.org.mk или приватна порака на Фејсбук страницата на Субверзивен Фронт со следните информации:

Име и презиме:

Возраст:

Факултет/насока на студии/област на работа:

Контакт е-маил/телефонски број:

По вашата пријава, ќе ве контактираме за подетални информации.

Искрено ви благодариме на пројавениот интерес!