Трогателен говор на сопругот на полицаецот кој беше убиен на Шанзелизе: „Живееше како ѕвезда и замина како ѕвезда“

 

Сопругот на францускиот полицаец кој беше убиен минатата недела се отвори за својата „голема и длабока болка“.

Триесет и седумгодишниот Ксавие Жулже беше убиен минатата недела за време на нападот во Шанзелизе во Париз, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава.

Напаѓачот Карим Шеурфи (39), кој беше убиен на лице место, претходно имало одлежано 12 години за пукање во полицаец, а во моментот бил и под истрага на разузнавачките служби.

Сопругот на Жулже, Етиен Кардил проговори за животот и смртта на својот сопруг на комеморацијата пред полицискиот штаб во Париз, предводена од претседателот Франсоа Оланд.

Пред стотиците жалостени лица, меѓу кои беа и претседателските кандидати Емануел Макрон и Марин Ле Пен, Кардил го опиша својот сопруг како љубител на добрата музика и театарот, како „весел човек кој ја сакал културата “.

Жулже бил еден од првите кој реагирал после нападот на театарот Бетакло во ноември 2015 година, која приврзаник на ИД уби 90 лица.

Кардил ги повтори зборовите на Антоан Лери, чија сопруга загина за време на терористичкиот напад од 2015 година: „Нема да ја добиете мојата омраза“.

Во емоционалниот и трогателен говор, Кардил им соопшти на насобраните: „Страдам без омраза“.

– Кога првично ја добив пораката дека нешто се случило на Шанзелизе, и дека полицаец е убиен, еден мал глас ми кажа дека си ти и ми ја врати таа утешна фраза: „Нема да ја добијат мојата омраза“. Не чувствувам омраза, Ксавие, затоа што ти не беше таков, затоа што не кореспондира со сè што имаш направено од срце, ниту со тоа поради што стана дел од полициските сили – рече Кардил.

Говорејќи со лубов, интимност и директно насочено кон Жулже, Кардил се присети дека неговиот сопруг знаел да изгледа и пет филма одеднаш в кино, дека театарот и филмот го носел во еден поинаков свет, полн со живот и среќа.

„Имаше живот полн со среќа и смеа, во кој љубовта и толеранцијата тие беа на врвот. Живееше како ѕвезда и замина како ѕвезда“, порача Кардил.