Аргентина е прва земја во Латинска Америка која назначи трансродово лице за шеф на полиција

Аргентина за првпат во својата историја на постоење назначи трансродово лице за шеф на полиција.

Аналија Пасантино 20 години служела во аргентинската федерална полиција, а покрај тоа што има добиено бројни одликувања, била портпарол на полициските сили и раководела со единицата за борба против дрога. Сепак, откако во 2008 година се декларирала како трансродово лице, полициските психијатрија ја прогласуваат дека боледува од „неизлечлива“ болест.

Како последица на тоа, Пасантино била прогласена за „неспособна“ да биде во службата и била принудена да земе отсуство од работа.

Сепак, неделава повторно беше вратена во полициските сили, но овој пат како заменик началник на полицијата, во одделот за правосудните комуникации.

– Ова е камен-темелник. Јас сум првото трансродово лице назначено за шеф на полиција во Латинска Америка. Ова е невиден и голем чекор за Латинска Америка и за целиот свет, со тоа што покажавме дека сме отворена институција – вели Пасантино.

Во изминатите девет години била принудена на секои три месеци да оди на психијатриска евалуација, со надеж дека ќе и дозволат да се врати во полициската служба.

Комитетот кој и го разгледувал нејзиниот случај постојано и го продолжувал отсуството од работав.

– Секогаш се гледаше како болест. Колку и да звучи примитивно, конечната дијагноза беше нарушен родов идентитет поради што бев означена како несоодветна за да бидам дел од полициските сили – вели таа.

Откако се сменило раководството, повторно Пасантино е вратена во полициските сили и унапредена во началник.

Првата недела откако се врати на работа, Пасантино вели дека била изненадена и имала наплив на емоции од вниманието кое го добила.

Поранешните колеги и пратиле пораки на поддршка, а медиумите веднаш почнале да и бараат интервјуа.

– Горда сум и сакам да ја раскажам оваа приказна. Се надевам дека ќе им помогне и на друг- вели Пасантино, која додава дека низ сиот тој мрачен период најголема поддршка добила од нејзината сопруга, адвокатката Сливија Мауро, која била до неа низ целата транзиција.

Пасантино и Мауро се вљубиле уште кога биле средношколци, а заедно се 31 година.

– Таа ме поддржува во се. Таа е мојот столб, моја поддршка за се – вели Пасантино.