Конференција “ЛГБТИ правата, ЕУ пристапните процеси и политичките партии во РМ”

Во пресрет на 17 Мај – Меѓународниот ден на борбата против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата – IDAHOT, чест ни е да Ве поканиме на конференцијата „ЛГБТИ правата, ЕУ пристапните процеси и политичките партии во РМ – предизвици и приоритети“ кој ќе се одржи оваа среда, 17 мај 2017 год. 10:00 – 14:00 во хотел „Бест Вестерн“ Скопје.

На конференцијата заедно со претставници на некои од амбасадите на ЕУ земјите во Македонија, со претставници на некои од парламентарните политички партии, како и со претставници на граѓанските здруженија кои работат со правата на ЛГБТИ лицата, ќе дискутираме за тоа како подобро да ги искористиме ЕУ-пристапните процеси за унапредувањето на ЛГБТИ правата во Македонија, посебно земајќи ги предвид тековните придвижувања на политичката сцена во РМ.

Воедно, годинава, по втор пат ќе ја доделиме и наградата „Поддржувач на годината“ со која оддаваме признание за континуираниот и значаен придонес на индивидуи од Македонија во кампањата за еднакви права на ЛГБТИ лицата во државата.

Агенда: