Зошто се бараат родово неутрални тоалети и зошто се неопходни?

Веројатно некои од вас се прашуваат која е причината поради која се прават обиди во САД, но и во други делови на светот за воведување на родово неутрални тоалети и што тоа значи. Објаснувањето е едноставно, станува збор за тоалети кои можат да ги користат сите, без разлика на полот или родовиот идентитет.

Станува збор за тоалети во институциите, на кои е назначено дека се за лица од сите родови.

Знаците за родово неутралните тоалети најчесто се означени со симболи на кои се прикажани како тоалети и за мажи и за жени. Некои одат и чекор подалеку, па на нив испишуваат „сите се добро дојдени“ или ставаат симболи кои укажуваат дека се и за лица кои не се идентификуваат ниту како машко, ниту како женско.

Веројатно се прашате зошто тоа е потребно?

Родово неутралните тоалети се сметаат за побезбедни места за лицата кои се трансродови или кои не се идентификуваат со бинарниот родов систем на мажи и жени, според кој најчесто се поделени јавните тоалети.

Родово неутралните тоалети ќе им ја олеснат транзицијата на транс лицата, односно ќе ги ослободат од притисокот да одлучуваат дали да го употребат  тоалетот за мажи или тоалетот за жени. Бинарните тоалети честопати им создаваат внатрешен притисок и немир и чувство на заглавеност меѓу двата избора.

Некои транс лица токму од овие причини одлучуваат целосно да ги избегнуваат јавните тоалети се со цел да ја избегнат можната непријатна ситуација во која би се нашле при користење на полово поделените тоалети.

Зошто ова е важно?

Затоа што некои луѓе се обидуваат да ја спинуваат целата ситуација и да наметнат јавно мислење дека со тоа што ќе им се дозволи на транс лицата да изберат во кој тоалет ќе одат ќе се зголеми стапката на силувања, па дури и злоупотребата на децата.

Не постои истражување кое ќе ги поддржи ваквите тврдења, ниту пак има евидентирано случаи во кои некое лице кое се преставува како транс личност искористил тоалет за да нападне или злоупотреби друго лице. Всушност поголема е веројатноста транс лицето да биде жртва на сексуален напад при користење на бинарните тоалети, имајќи ги предвид истражувањата кои покажуваат дека висок степен на сексуални напади на транс лицата во јавните тоалети.