Транс жена гради засолниште за деца во Мумбаи

Трансродова жена од Мумбаи се заложи да изгради прибежиште за децата од ранливите категории. Активистката Гаури Савант вели дека одлучила на своето земјиште да изгради двокатно засолниште откако увидела во каква ранлива позиција се децата на сексуалните работници.

Триесет и седумгодишната активистка, која е самохрана мајка и одгледува сирак, има многу трансродови пријатели кои работат како сексуални работници за да можат да се прехранат себе си и своите семејства.

Активистката која повеќе од 17 години работи на подобрување на животот на транс лицата во Мумбаи вели дека при посетата на улицата на „црвените фенери“ сфатила колку им е тешко на овие жени да балансираат меѓу работата и семејните обврски.

Таа вели има случаи кога родителите, во борба да обезбедат пари за прехранување, се принудени да задоволуваат клиенти додека нивните новородени деца се во истата соба.

– Бев шокирана и после тоа не можев после тоа да заспијам – вели Савант.

Тоа ја мотивирало активистката да се посвети на тоа децата на сексуалните работници да им обезбеди безбеден развој, односно да помогне да не се најдат во ранливи ситуации.

– На тој начин му помагам на општеството, односно придонесува овие девојки да имаат безбеден развој и да не бидат напуштени. Мора да се соочиме со суровата реалност на животот – вели Савант, која веќе успеала да обезбеди средства за градење на засолништето преку сајтовите за солидарност.

Таа вели дека освен тоа што ќе биде безбедно место за децата, засолништето ќе обезбеди работа и за постарите транс лица, кои би работеле како негувателки.

– Постарите во нашата заедница го нарекуваме нана. Тие ќе бидат срцето и душата на засолништето – вели Савант.

Иако проектот има добар старт, Савант е загрижена каква ќе биде одржливоста на засолништето откако ќе се отвори. Таа се надева дека ќе успее да обезбеди средства преку локалните бизниси.

– Ако се има храброст, ќе се реши. Се надевам дека луѓето ќе ја сфатат важноста на ова социјално прашање и дека ќе донираат за оваа цел – вели Савант

.