ПОКАНА ЗА РАБОТИЛНИЦА “Поттикнување и зајакнување на поддршката: проблеми и потреби на транс и интерсекс луѓето во Македонија – мобилизирање на заедниците и сојузниците”

27-28 јули, Скопје, Македонија

Почитувани,

ЕРА – ЛГБТИ Асоцијација за еднакви права за Западен Балкан и Турција, Субверзивен фронт и XY Spectrum со задоволство ве покануваат да се пријавите за учество на работилницата “Поттикнување и зајакнување на поддршката: проблеми и потреби на транс и интерсекс луѓето во Македонија – мобилизирање на заедниците и сојузниците” која ќе се одржи на 27-28 јули во Скопје, Македонија.

Работилницата е дел од програмата за развој на капацитети на ЕРА и се спроведува како обука за своите членки-организации и одбрани институции со седиште во Македонија. Првичната идеја на работилницата беше претставена од страна на Субверзивен фронт и XY Spectrum, а програмата е развиена низ соработката на овие три организации.

Работилницата е организирана како дводневна програма. Првиот ден има за цел да ги информира учесниците за животните искуства на транс лицата и предизвиците со кои се соочуваат во смисла на социјални, медицински и правни бариери. Вториот ден ќе се фокусира на интерсекс заедницата и има за цел да ги информира учесниците за медицинските пристапи, предизвиците што им ги предизвикуваат актуелните практики и правните прашања во врска со интерсекс лицата.

Заеднички, дводневната работилница ќе ги зголеми капацитетите на учесниците за подобро разбирање на животните ситуации на транс и интерсекс лицата и ќе создадат посоодветни одговори кон транс и интерсекс заедниците. Ова ќе биде можност за учесниците да разговараат и да разменуваат идеи или да иницираат координирани и заеднички активности или програми со цел да ги задоволат потребите на транс и интерсекс лицата.

Нашата намера е да имаме до 20 учесници на работилницата кои се членови на транс или интерсекс заедницата, кои се сојузници или работат со овие заедници или веќе работат на различни начини во области кои се однесуваат на транс и / или интерсекс лицата. Програмата на работилницата е дизајнирана на начин да ги задоволи потребите на активистите, социјалните работници, психолозите, медицинските професионалци, правните експерти, родителите и сојузниците.

Субверзивен фронт ќе обезбеди работен материјал, освежување и ручек, и ќе ги покрие патните трошоци за учесниците надвор од Скопје. ВАЖНО: сместувањето за учесниците надвор од Скопје доколку е потребно, нема да биде покриено од С-фронт.

Ако мислите дека програмата е релевантна за вашата актуелна и идна работа, ве молиме да го пополните формуларот за регистрација најдоцна до 10 јули 2017 година.

Ние ќе ве информираме за резултатот од вашата апликација најдоцна до 15 јули 2017 година.

За какви било прашања во врска со програмата на работилницата, ве молиме контактирајте ја менаџерката за развој на капацитети на ЕРА, Исидора Исаков на isidora@lgbti-era.org.

За какви било логистички или административни прашања, ве молиме контактирајте ја координаторката на Субверзивен фронт, Ангелина Иванова на aivanova@s-front.org.mk.

Со нетрпение очекуваме да ве видиме на работилницата!

Со почит,

ЕРА – ЛГБТИ Асоцијација за еднакви права за Западен Балкан и Турција

Субверзивен фронт – Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста

XY Spectrum