Турските власти ја забранија Парадата во Истанбул, организаторите сепак најавуваат марш


Турските власти соопштија дека нема да дозволат утре да се одржи Парада на гордоста во Истанбул.

Градските власти наведоа дека парадата на ЛГБТИ лицата е забранета поради загриженоста за безбедноста на учесниците и туристите, како и за јавниот ред и мир.

ЛГБТИ активистите преку социјалните мрежи соопштија дека сепак ќе организираат марш кој ќе тргне од плоштадот Таксим. Турските власти соопштија дека тоа подрачје не е означено за демонстрации и дека не е доставена соодветна пријава. Тие додадоа дека неколку организации презеле „сериозни реакции“ против маршот.

Околу 100.000 лица присуствуваа на Парадата на гордоста во Истанбул во 2014 година, што беше еден од најголемите собири за ЛГБТИ права во една муслиманска држава. Оттогаш турските власти не дозволија повторно одржување на Парада на гордоста.