Филаделфија додаде уште две бои во Знамето на гордоста за поголема инклузивност

Знамето со боите на виножитото, кое стана икона на ЛГБТИ движењето е создадено во 1978 година од Жилберт Бејкер. Првично, знамето имало осум бои, меѓу кои јарката розова и тиркизната боја, кои подоцна се отфрлени поради слабата достапност нa овие бои во тој период. Сега познатото знаме го сочинуваат шест бои – црвената го претставува животот, портокаловата заздравувањето, жолтата сончевата светлина, зелената ја претставува природата, индиго сината ја отсликува хармонијата, а виолетовата е одраз на духот.

Но, Филаделфија планира да направи измена на знамето, односно да додаде уште две бои, но овој пат не станува збор за вклучување на двете изоставени бои, туку за црната и за кафената.

Новата кампања на овој американски град, насловена како „Повеќе бои, повеќе прајд“, е поиклузивна за обоените ЛГБТИ лицата, кои честопати се изоставени од главните дискусии за ЛГБТИ права.

„За да ја подгрееме дебатата, го проширивме спектарот на бои на знамето и ги додадовме црната и кафената. Можеби изгледа како мал чекор, но заедно можеме да направиме голем исчекор кон вистинска инклузивност на општеството“, стои на веб-страницата на кампањата.

– Црната и кафената линија ги претставува ЛГБТИ членовите на нашата заедница со кафена и црна бој на кожата. Имајќи предвид колкав број на активисти минататагодина се бореа против расизмот во „братството“, сметам дека новото знаме е голем чекор за градот во насока да му покаже на светот дека целосно ги поддржуваме сите наши членови на заедницата – вели извор, кој сакаше да остане анонимен.

Одлуката беше донесена пред шест месеци, откако Комисијата за човечки односи на Филаделфија им наложи на геј баровите, клубовите и непрофитабилните организации да ги испратат своите вработени на обуки за расна осетливост. Задолжителната обука следеше по бројните поплаки за расна дискриминација.

Амбер Хајкс, директор на одделот на Филаделфија за ЛГБТИ прашања, смета дека новата верзија на знамето има големо значење.

– Гледајќи слика со ова знаме, во мене, раѓа чувство на горда квир црнкиња. Кога го гледам знамето, како да се гледам себе си. Новиот дизајн е симболична претстава на посветеноста на Филаделфија да се оддаде почит на искуството, придонесот, активизмот и посветеноста на црните и кафените членови. За мене ова знаме ја носи пораката: „Ве гледаме, ви оддаваме почит, ве славиме, вие не сте само дел од нас, вие сте ние“ – вели Хајкс.

More Color More Pride from Storyfarm on Vimeo.