Германија ги легализираше геј браковите

Со јасно мнозинство од 399 гласови наспроти 226, германскиот парламент гласаше за легализирање на истополовите бракови. Гласањето се случува после неколку денови откако канцеларот, Ангела Меркел, се изјасни против гласање.

Со оваа реформа, геј мажите и лезбејките се стекнуваат со целосни брачни права, како и можноста да посвојуваат деца. Досега, истополовите двојки можеа да бидат само во граѓански заедници.

Политичките противници на Меркел беа за легализирање, иако Меркел гласаше против. На членовите од својата партија, Христијанските Демократи (CDU), им порача „да ја следат својата совест“ при гласањето. На гласање повикаа Социјал Демократите (SPD) под паролата „брак за сите“, на што наидоа на голема поддршка од страна на Левицата и Зелените.

Германскиот закон сега гласи: „Во брак можат да влезат две личности од различен или ист пол“, пренесува новинската агенција AFP.