Англиканската црква воведе специјални служби за транс лицата и побара забрана на „терапиите за преобратување“

Синодот на Англиканската црква одлучи да одржува специјални служби на трансродовите лица. Поддржувачите на ваквите служби велат дека со ова им се посакакува добредојде на лицата кои ја обележуваат својата транзиција. Противниците велат дека ваквите служби и пркосат на Библијата, според која луѓето се создадени или како маж или како жена.

По четиридневното заседавање, Синодот го прифати барањето да се прифати потребата транслицата да бидат добредојдени и прифатени во своите локални цркви.

Според викатор Крис Њулендс, ваквата одлука на црквата ќе им помогне на лицата кои се соочуваат со трансфобија во општеството.

„Сметам дека со ова испративме силна порака дека веруваме оти Господ ги сака и слави транслицата, бидејќи тој ги создал – рече Њулендс.

Истовремено, англиканската црка ги повика британските власти официјално да ја забранат „терапијата за лекување хомосексуалност“. Црквата за време на последната седница на Синодот ја поддржа петицијата за забрана на неетичкото „лекување“.

Синодот соопшти дека „третманот за преобратување“, според многу професионалци е „штетен“, а најчесто го практикуваат лица кои не се експерти. Од тие причини, како што соопштија, ваквите потфати не се дозволени и прифатливи за црквата.

– Имајќи предвид дека најголем дел од лицата кои ги применуваат овие методи се религиозни лидери, кои немаат никакво медицинско образование, особено е важно што Англиканската црква недвосмислено ги осудува овие штетни методи – стои во соопштението.

Многу челници на Англиканската црква, меѓу кои и архиепископот на Јорк, д-р Џон Сентаму и бискупот на Ливерпул, Пол Бајес, ја поддржаа петицијата.

– Колку побрзо се забрани контроверзната терапија, толку побрзо ќе можам мирно да спијам навечер вели Сенатаму.

Бискупот Бајес вели дека црквата и Велика Британија треба да бидат пионери, кои ќе му пкажат на остатокот од светот дека овој третман треба да се осуди и забрани.

– Светот нѐ слуша и затоа треба да му кажеме, да нѐ слушне како велиме дека ЛГБТИ + ориентацијата и идентитетот не е се криминал. ЛГБТИ + ориентацијата и идентитетот не е болест. И ЛГБТИ + ориентацијата и идентитетот не е грев. Мораме да правиме разлика меѓу аскетскиот и терапевтскиот пристап – вели бискупот Бајес.