Ана Брнабиќ: Сексуалната ориентација никогаш не ми претставувала проблем

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, во интервју за CNN изјави дека нејзината сексуална ориентација никогаш не претставувала проблем во нејзината држава.

Брнабиќ беше назначена за премиерка од страна на конзервативниот претседател, Александар Вучиќ, со тоа правејќи ја еден од трите политичари во светот кои јавно ја споделиле својата сексуална ориентација кои се на висока функција.

Во интервјуто за CNN, од страна на Кристиана Аманпур, таа изјави: „Јавно сум геј цел мој живот и никогаш не сум имала проблем во Србија. Би сакала да мислам дека Србија не е толку конзервативна или хомофобична, или ксенофобична на таа тема.“

Таа додава дека има место за напредок и промена на одредени работи, зошто сепак сè уште има луѓе кои сметаат дека не е во ред и е против „традициите“ и „традиционалните вредности“.

Целта на интервјуто беше зголемените блиски односи помеѓу Србија и Русија. Во прилог можете да го погледнете целото интервју.