Нападнат ЛГБТИ активист во Подгорица

Минатата недела беше извршен физички напад врз ЛБГТИ активистот С.К. од организацијата „ЛГБТ Форум Прогрес“ од Подгорица, Црна Гора. Во соопштението се кажува дека „мотивот за нападот е сексуалната ориентација на С.К., односно злосторство  од омраза према ЛГБТИ лица.“

“Утрово, околу 11 часот, во своите простории во Подгорица беше нападнат ЛГБТ активист и член на одборот на „ЛГБТ Форум Прогрес“ С.К.. Како што дознавме, групата напаѓачи упатиле вербални и физички закани кон С.К. , по што му се нанесени лесни физички повреди со скршено шише. Веднаш по нападот, С.К. беше примен во болница, каде што доби соодветен третман и нега. Полицијата реагираше благовремено, а напаѓачите биле веднаш фатени и уапсени. Очекуваме  полицијата и обвинителството во најкраток можен рок да формира случај, врз основа на сите факти ” се вели во соопштението.

“Неговата многугодишна напорна работа и активизам во „ЛГБТ Форум Прогрес“ на нас ни се, и секогаш ќе бидат, од огромно значење. Ова е причината зошто ние бевме шокирани од овој грозоморен напад и не потсети дека хомофобијата се уште е многу реален и сериозен проблем во Црна Гора. И покрај многу напорна работа и труд, овие ситуации се реалност на голем број на ЛГБТ лицата во Црна Гора. Омразата, насилството, дискриминацијата и нетолеранцијата се многу реален дел од животот на целата ЛГБТ заедницата, и нешто што општеството во Црна Гора мора да го признае и да го прифати”, се вели во соопштението.